Tesla има проблем во германскатa фабрика: Засега нема голем интерес од работниците!
Наместо планираните 12.000 работници, во моментов се вработени 3.500
Фабриката на Tesla во близина на Берлин беше отворена со фанфари достојни за некој крал, што не е изненадувачки со оглед на глобалниот досег на еден од сопствениците, милијардерот Илон Маск, кој изгледа поседува сè, од Twitter до фондови за вселенски патувања. Но, како што пренесува Automobilwoche, Tesla има и еден голем проблем, а тоа е недостигот на работници во новата фабрика. Во секторот за човечки ресурси засега нема гужва, а наместо планираните 12.000 работници, моментално се вработени само 3.500.
Model Y моментално се произведува во само една смена, а производството се очекува да расте од 350 автомобили неделно, колку што сега се испорачува, до 5.000 неделно, до крајот на годината. Се разбира, ако Tesla најде работници…
Колкави се платите во Tesla? Инженер заработува 71.600 евра бруто (околу 78.000 евра во Mercedes-Benz), а квалификуван производствен работник 33.900 евра (бруто). Почетната плата за лице кое нема никакви квалификации е 2700 евра месечно (бруто), а нема посебни бонуси, како кај другите германски производители.