Според Electrec, американскиот производител на електрични автомобили Tesla го затворил својот оддел за односи со јавноста

Со глобалното работење на Tesla се управува од седиштето во Калифорнија во САД, и токму тука повеќе нема да има менаџери за односи со јавноста, додека одреден број на вработени на таа работна позиција ќе останат во Европа и Азија.

Иако во моментот се чини лудо да се затвори PR одделот на некој производител на автомобили, очигледно е дека раководството на Tesla не мисли така. Времето ќе покаже дали е тоа добра одлука. Може да се каже дека најдобрата промоција на брендот ја прави самиот Елон Маск, кој од време на време споделува информации за идните возила на Tesla или одговара на прашања за тековните случувања во врска со компанијата и портфолиото.

Последниот човек на чело на одделот за односи со јавноста на Tesla беше Кели Сулприсио. Таа ја напуштила таа позиција на крајот од минатата година и оттогаш, луѓето на високи позиции полека го напуштаат овој оддел – или се префрлени во други делови на компанијата, или заминале кај нов работодавач.

На пример, Алан Купер, еден од првите луѓе на одделот за односи со јавноста, прво добил нова улога – директор за генерирање на побарувачка, а потоа целосно ја напуштил компанијата. Другите менаџери, како Даниел Мејстер, веднаш ја напуштиле Tesla и нашле работа во други брендови, а во случајот на Мајстер, WhatsApp е новиот работодавач.

Сепак, останува да се види дали оваа одлука навистина ќе биде конечна. Ако се покаже дека одделот за односи со јавноста е сè уште неопходен, нема сомнение дека Tesla или Илон Маск ќе го формираат брзо и лесно. На крајот на краиштата, Tesla се води според принципот дека тие не треба да се занимаваат со односи со јавноста, туку дека нивните производи со нивниот квалитет треба да го прават тоа. Неколку големи ИТ компании имаат сличен пристап, вклучувајќи го и Apple.