Tesla го отвора првиот „Суперполнач“ со кино!
30-минутни филмови, односно извадоци од холивудските класици ќе се прикажуваат во две кина
Ако батеријата на вашиот електричен автомобил се потроши, потребно е најмалку половина час да се наполни. Што да се прави во меѓувреме? Еден од изборите е „седмо кафе“ во денот, или пак време малку да размислите за смислата на животот, зголемување на цената на струјата, малку да читате, празнење на мобилниот телефон или едноставно стоење покрај полначот броејќи го процентот на полнење на батеријата… Луѓето во Tesla се свесни за овој проблем, па смислиле голем суперполнач со кино и ресторан во Санта Моника, Калифорнија.
Суперполначот (Supercharger) ќе има вкупно 62 полначи. Во двете кина ќе се прикажуваат 30-минутни филмови и извадоци од холивудските класици, а ресторанот ќе биде во стилот на 1950-тите. Значи, поврзете ја својата Tesla, земете пуканки, јадете ги брзо и погледнете ги најинтересните половина час од на пример „Кум“ (само пукања, сцената со коњска глава, ликвидации…), „Однесено со виорот“, „Вертиго“, „Таксист“…
Досега имаше проблеми со локацијата на овој центар, но директорот на Tesla, Илон Маск тврди дека овојпат SuperSupercharger доаѓа…