Tesla ги мотивира работниците: Да им докажеме на оние кои не мразат дека грешат
Раководството на компанијата се обидува да ги мотивира вработените со цел да ги надмине проблемите со каснењето во производството на Model 3
Додека некои економисти предвидуваат дека Tesla ќе банкротира, компанијата ги користи токму таквите негативни изјави за дополнително мотивирање на работниците.
Главниот инженер, Даг Филд, испратил е-mail do вработените во коj ги потсетува дека многумина би сакале компанијата да пропадне.
„Негативните ставови на јавноста мене лично ме навредуваат, а и вие треба да се чувствувате навредени“, напишал Филд.
„Ајде заедно да им докажеме дека не се во право кога се обложуваат против нас. Да им покажеме на оние кои не мразат дека грешат“, додава тој.
Даг Фил ги подсетил работниците дека очите на светот се вперени во нив и секој сака да дознае колку примероци од Model 3 може да се произведуваат неделно.
„Ова е критичен момент во историјата на компанијата. Има многу причини за дополнително да се мотивираме, а секој од нас треба да ја пронајде својата која лично ќе го охрабри да излезе од оваа ситуација како победник“.
Даг Филд вели дека најдобриот начин да им се покаже дека грешат на оние кои предвидуваат крах на компанијата, е производство на Model 3 да се подигне на 300 автомобили неделно.