Течноста за сопирачки заминува во историјата? Првите „суви“ сопирачки на задните тркала влегуваат во производство!
Идејата е во блиска иднина Continetal ќе напредува до ниво FBS 3, кога целиот систем за сопирање нема да користи течност за сопирачките
Германскиот производител на делови за автомобилската индустрија Continetal има нов систем за сопирање, а веќе има собрано речиси две милијарди долари нарачки. Системот е планиран за производство во 2025 година, а прв клиент е производител на автомобили од САД. Continental ќе им овозможи на своите клиенти да инсталираат Future Brake System (FBS), односно полусув систем за сопирање, кој ќе вклучува неколку нови компоненти. Системот за сопирање FBS користи електромеханички сопирачки на задната оска кои работат „суво“, без течност за сопирачките, додека на предната оска, сопирачките на тркалата сè уште работат хидраулично.
Новата технологија ја вклучува и втората генерација на системот за сопирање „brake-by-wire“ MK C2. Покрај системот за полусуво сопирање, производителот на автомобили го создал и Continental Air Supply, високо интегриран систем за снабдување со воздух кој се користи заедно со воздушни пружини на предната и задната оска за воздушно потпирање.
Continental го претстави идниот развој на своите сопирачки од FBS 0 до FBS 3, а идејата е пат кон целосно суви сопирачки на задната и предната оска. На почетокот на овој план (FBS 0) е наградуваната, втора генерација на системот за сопирање „brake-by-wire“ на Continental, MK C2.
Идејата е во блиска иднина Continetal ќе напредува до ниво FBS 3, кога целиот систем за сопирање нема да користи течност за сопирачките и може да се подели во модули. Сето ова значи помалку простор, помала маса и помало загадување.