Така тоа се прави во дел од Европа. Богатите плаќаат поголеми казни!
Сообраќајните казни на луѓето влијаат различно, во зависност од приходите и имотот
За некого и 5.000 евра не значат ништо, а за некого и 100 се премногу. Во некои земји во Европа, пак, ситуацијата е поинаква, бидејќи се следат приходите, односно имотниот цензус и соодветно на се утврдуваат казните за сообраќајни прекршоци. Така е за да и оние со подлабок џеб соодветно да почувствуваат силата на законот.
Најголемата казна за еден сообраќаен прекршок е изречена во 2010 година во Швајцарија. Еден возач на автопат возел Mercedes SLS со брзина од 290 km/h. Полицијата го фатила и го казнила со 650.000 евра.
Финска е исто така една од земјите каде казните се одредуваат според имотниот цензис, односно според приходите. Во таа земја се изречени многу казни од над 50.000 евра. Кој има повеќе и реши да биде пребрз ќе плати. Сообраќајните казни според приходите се пресметуваат и во Шведска, Данска, Германија, Австрија и Франција.
Се сложувате ли дека овој начин на казнување треба да почне да се применува и во Македонија?