По наредба на градоначалникот, отсега на стандардните казни на оние кои ќе бидат фатени зад воланот со алкохол во крвта ќе им се придодадат одреден број работни часови во локалните погребалници

Властите во тајванскиот град Каошиунг смислиле, барем така е нивното размислување, паметен начин да ги натераат пијаните возачи да размислат за нивното однесување. Секој кој ќе биде фатен како вози откако пиел алкохол, ќе мора да одработи одреден број работни саати во погребално претпријатие за да почувствува како е да се биде блиску до смртта, пишува локалниот Odditycentral.com.

Во последните денови од 2021 година, жителите на Каошиунг биле шокирани од уште една во низа сообраќајни несреќи со смртен исход. Во овој случај загинало едно лице, а три биле повредени. За несреќата е виновен пијан возач, поради што градските власти се решиле на посебни мерки.

По наредба на градоначалникот, отсега на стандардните казни на оние кои ќе бидат фатени зад воланот со алкохол во крвта ќе им се придодадат одреден број работни часови во локалните погребалници. Првата група виновници – 11 на број – веќе е на работа, ја чистат мртовечницата, ладилната постројка и крематориумот.

Градските власти очекуваат дека ваквата дополнителна „казна“ ќе ги натера возачите да ги почитуваат животите на другите и, соодветно, да престанат да возат во алкохолизирана состојба. 

Уште по првите 4 часа на „новото работно место“, сторителите изразиле длабоко каење и се заколнале дека никогаш повеќе нема да им се случи да седнат зад воланот по консумација на алкохол.