Некој вози на резерва од финансиски причини, некои затоа што тоа им е опсесија

Ако некогаш сте се запрашале колку вашиот автомобил може да помине на „резерва“, а не сте се осудиле да го пробате, Американците можеби имаат решение за вас. Но, само под услов да се вози некој од глобалните модели кои се меѓу најпопуларните и од другата страна на „големата бара“.. На пример, Kia Soul, Nissan X-Trail и Mazda CX-5 се добри примери за модели што можете да ги видите на нашите, европските и американските патишта. Сите тие се добро тестирани и со докажани патни компјутери. Она што е важно е дека може да сметате на најмногу 10 литри гориво. Истото го сугерира и табелата објавена од YourMechanic за 50 најпродавани модели на американскиот пазар.

1 gallon = 3.78541 lit. / 1 mile = 1.60934 km

Во моделите на европските производители, како на пример VW Jetta, сијаличката се пали кога количината на гориво се намалува на 7 литри. Но, вистинското нешто започнува дури по неколку дена подоцна, велат зависниците за оваа форма на возбуда. По правило, сметајте дека ќе имате можност за возење до 60 km/h или околу 80 километри на отворен пат.

Овој тип на зависност не е опасен по вас, бидејќи снемувањето на гориво моторот ќе го „најави“, па ќе имате доболно време безбедно да се исклучите од сообраќај. Но данокот може да го плати автомобилот. Во постарите возила, резервоарите се лимени, а возење на резерва значи многу кондензирана водена пареа, односно појава на корозија и нејзини продукти и опасност за пумпата за гориво. Затоа возете со барем четвртина  полн резервоар.