Sвездите на Баерн Минхен ќе се возат со Audi e-tron GT / ФОТО
Фудбалерите ќе бидат и своевидно заштитно лице на баварскиот електричен модел.
Соработката на познатиот фудбалски клуб Баерн и Audi е добро позната фудбалските фанови. Автомобилската марка од Инголштад е еден од главните спонзори на овој тим веќе извесно време, а исто така ги користи нивните фудбалери и службеници како „манекени“ за своите возила.
Претставниците на тимот веќе имаа можност да се запознаат со електричниот теренец e-tron, а сега ќе добијат и шанса да се доближат до електричниот седан e-tron GT. Поточно, на фудбалерите и клубските преставници ќе им бидат отстапени варијантите GT2 и GT3 RS на овој автомобил.
Audi e -tron GT ќе го користат 15 членови на Баерн Минхен, а еден од привилегираните што секојдневно ќе го користи овој електричен модел е врвниот стрелец – Роберт Левандовски.
Андреас Јунг, член на Управниот одбор на Баерн за маркетинг, истакна дека клубот на овој начин дава пример во однос на заштитата на климата.
„Заедно со Audi, сакаме да ги инспирираме луѓето да се грижат повеќе за климата, сето тоа преку позитивни примери за успешна трансформација“, вели Јунг.
Тој додава дека електрификацијата на флотата на Баерн Минхен штотуку започна и дека ќе продолжи и во наредниот период. Овој клупски функционер, исто така, изјави дека на Алијанц арената ќе бидат инсталирани полначи за електрични автомобили.