Серискиот Dakar изобилува со персоналитет, особено кога е опремен со пакетот Rally Design со бои од натпреварувачките 911-ки

Токму кога мислевте дека 911 не може да стане поинтересен, Porsche го претстави својот најпознат модел Dakar со погон на четири тркала кој нема да има проблеми да ги замени автопатиштата со теренски патеки.

Заборавете на шпионските фотографии од мрачните, мат црни прототип модели, бидејќи серискиот Dakar изобилува со персоналитет, особено кога е опремен со опционалниот пакет Rally Design кој ги превзема боите од победничките тркачки 911-ки со погон на четири тркала.

Она што е клучно е неговата висина, која е повеќе од 50 mm повисока од стандардниот 911 со погон на четири тркала, а може да се зголеми за дополнителни 30 mm. Porsche вели дека off-road режимот „High Level“, кој се активира преку контролер на воланот, му дава на Dakar слично ниво на растојание од подлогата и агол на навалување како на некои обични SUV модели и е достапен при брзини од 170 km/h , по што се враќа на нормална висина.

Off-road моделот е исто така дизајниран да ја максимизира тракцијата во ситуации со слаб контакт со подлогата, додека другиот нов режим што Porsche го нарекува „Rally“ е поставен за лабави, нерамни површини и го испраќа најголемиот дел од својата моќ на задната оска.

И двата режима имаат Rally Launch Control, што овозможува 20 проценти пролизгување на тркалата и максимално искористување на гумите за сите терени Pirelli Scorpion.

За жал, тие теренски гуми го принудиле Porsche да стави ограничувач на брзината од 240 km/h, што го прави Dakar најбавниот 911 модел од 1983 година. Таа година е претставен 3.2 Carrera, кој може да достигне 245 km/h . Но, нема сомнеж дека Dakar ќе бил побрз доколку Porsche го дозволи тоа. 3.0-литарскиот твин-турбо боксер испраќа 480 КС и вртежен момент од 570 Nm преку задолжителниот осум-брзински PDK менувач.

Времето од 0-100 km/h на Dakar од 3,2 секунди е само десетинка поспоро од она што е потребно на Porsche GTS но и импресивно имајќи предвид дека гумите Pirelli Scorpion не се дизајнирани за права линија. Дополнително, Dakar доаѓа со опрема како што се управување на сите четири тркала и динамични држачи за моторот, а максималната тежина е 1.611 kg.

Porsche работел напорно за да ја намали тежината на Dakar, заменувајќи го електричниот заден спојлер со фиксна верзија, вградувајќи лесна пластична хауба засилена со јаглерод од GT3, потенко стакло, школкасти седишта наместо потешки комфорни седишта, а целосно е отфрлена и задната клупа.

Ваквите карактеристики може да се најдат на кој било RS, но зголемената висина на возење, црвените куки за влеча од кован алуминиум, проширените панели на калниците, цврсти украси на каросеријата од нерѓосувачки челик и заштитните мрежести решетки над доводите за воздух, гарантираат дека никогаш нема да ги помешата Dakar за RS.

Планирани се само 2.500 примероци, иако тешко е да се поверува дека моделот ќе се врати повторно во следната генерација на 911 и ќе стане редовна појава, како GT3 RS и Speedster – овој е првиот навистина различен 911 по долго време. Ќе чини 222.000 евра, што е слична бројка со 911 GT3 RS или 911 Turbo S, кои имаат радикално поинаков карактер.