Hyundai на автомобилското шоу во Детроит ја претстави втората генерација на купе моделот Veloster

Автомобилот кој со својот необичен концепт беше вистинско освежување во автомобилската индустрија кога се појави во 2011 година, го доби својот наследник.

Veloster за 2018 година, исто така, има една врата на возачката страна и две од совозачката, а надворешноста на автомобилот претставува еволуција на првата генерација гледано како дизајн.

Патничкиот простор има динамичен, асиметричен изглед, меѓу другото, благодарение на кокпитот кој е изведен во две бои. Централната конзола е исто така асиметрична, така што положбата на возачот визуелно е уште поизразена и се дистанцира од останатиот дел од салонот.

Повеќето физички контроли (копчиња и прекинувачи) од централната конзола исчезнале, а нивната функција е преземена од екран на допир кој го опслужува мултимедијалниот систем во возилото.

Основниот модел е опремен со 2.0-литарски 4-цилиндерски бензински мотор со 147 КС и 179 Nm, кој е поврзан со 6-степен мануелен или опционален 6-степен автоматски менувач.

За оние кои сакаат подинамичен автомобил, Veloster Turbo е достапен со 4-цилиндерски 1.6 турбо бензински мотор со 201 КС и 264 Nm. Со функцијата overboost на возачот му се достапни 274 Nm.

Купувачите можат да изберат помеѓу 6-брзински мануелен и 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Во самиот врв на понудата е екстремниор Veloster N, чиј 2.0 турбо бензински мотор произведува 275 КС и 353 Nm максимален вртежен момент од 1.450 до 4.700 вртежи во минута.

Што се однесува до преносниот систем, единствената опција за овој автомобил е мануелниот менувач со шест брзини.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

2018 Hyundai Vesloster

2018 Hyundai Vesloster N

Првите две верзии од новиот Veloster на пазарот пристигнуваат во текот на вториот квартал од 2018 година, додека моделот N ќе се појави во продажните места во последниот квартал од годината.

Loading...

WCOStream dubbed anime: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 12 (https://wcostream.cc/m/B5e/ep-12)

AnimeHeaven watch anime free: Dr. Stone (Dub) Episode 24