Долго очекуваниот BMW M8 ја имаше својата премиера и не само што дебитираше во форма на купе, туку и во форма на M8 Convertible, M8 Coupe Competition и M8 Convertible Competition

BMW M8, и во купе и во кабриолет форма, под хаубата крие 4.4-литарски V8 twin-turbo, веќе познат од моделот М5. Погонската единица испорачува 600 КС и 750 Nm во стандардните верзии на М8, додека во Competition моделите коњажата е подигната на 625 „коњи“.

Сите модели се опремени со унапреден xDrive погон на сите четири тркала и 8-брзински Steptronic автоматски менувач. BMW M8 Coupe од 0 до 100 km/h забрзува за 3,3 секунди, а кабриолет верзијата за 3,4 секунди. Овие времиња се пократки од 0,1 секунда во Competition верзиите.

Возачот може да избере еден од трите режими на возење – 2WD, со погон на задните тркала, како и 4WD и 4WD Sport, кај кои моќта на моторот се пренесува на двете оски на автомобилот.

Системот на суспензија е опремен со прилагодливи амортизери, додека за управувачкиот систем е избран електромеханички M Servotronic. Опционално, за сите модели, може да се нарачаат M карбонски сопирачки.

Внатрешноста на BMW M8 целосно се базира на „стандардната осмица“, што подразбира изобилство на луксуз, пластика појачана со карбон влакна и М налепници низ целата кабина. Дигиталните инструмент кластери се подразбираат, со тоа што во М верзијата истите се значително поедноставени, така што возачот може, доколку е потребно, повеќе да се фокусира на тркачката патека.

BMW M8 Coupe и Convertible официјално пред публиката ќе бидат претставени на настанот BMW #NextGen настанот, кој ќе се одржи кон крајот на јуни во Минхен. Во салоните моделите се очекуваат во септември, а тогаш во живо ќе може да бидат видени и на Фракфурт мотор шоу.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Цените ќе почнат со позиција повисока од 140.000 евра.

Loading...