За 36 милиони нови е-автомобили до 2030 година ќе бидат потребни 1.300 гигавати капацитет во батерии, но откриените резерви на кобалт се доволни за само 11 години

Големата експанзија на електричните автомобили во Европа, Америка и Кина е пред нас. Во светот има се повеќе луѓе, потребите за транспорт исто така растат, но што е со суровините? Ништо, односно во иднина одговорот би можел да биде ништо, ако се продолжи вака како што е сега. Зголемувањето на производството на електрични автомобили носи и потреба од нови материјали од кои се конструираат батерии. Суровините како кобалт, литиум и графит се важни во производството на батерии за електрични автомобили, но нивната количина не е неограничена.

Снабдувањето на автомобилската индустрија со повеќе од 20 важни суровини е многу критично, според студијата на германскиот институт der Deutschen Wirtschaft (IW).

Испораката на кобалт, литиум и графит, важни за батериите за е-автомобилите, е ризична активност. За 36 милиони нови е-автомобили до 2030 година ќе бидат потребни 1.300 гигавати капацитет на батериите, но откриените резерви на кобалт се доволни само за 11 години. Се разбира, научниците во иднина ќе можат да дизајнираат батерии без кобалт… Второто решение е рециклирање на батерии и материјали, но очигледно ќе треба да се размисли за трето, четврто, петто… решение. Одговор сега за сега, нема.