Subaru Solterra e првиот електричен модел на компанијата создаден во соработка со Toyota / ФОТО
Автомобилот од компактната SUV-класа својата платформа специјализирана за електрични возила ја дели со Toyota bZX4
Subaru го претстави својот прв целосно електричен модел – Solterra. Станува збор за компактен SUV автомобил и близнак на Toyota bZX4 со кој ја дели новата платформа специјализирана за EV возила.
Димензиите на Solterra се исти како и на Toyota: автомобилот е долг 4.690 mm, широк 1.860 mm и висок 1.650 mm, а доаѓа во верзија со погон на предните или на сите тркала.
Потврдено е дека Solterra на европскиот пазар ќе пристигне кон средината на следната година, но цените се уште не се познати.
Затоа пак, познати се технолошките насоки на моделот за европскиот пазар: литиум-јонска батерија со капацитет од 71 kWh која треба да обезбеди опсег до 450 километри со едно полнење и моќност од 204 КС со преден погон и 218 КС со погон 4х4 (два електрични мотори).
Максималната брзина во двата случаи е 160 km/h, а забрзувањето е 8,4 и 7,7 секунди, соодветно.
Повеќе детали за Subaru Solterra ќе бидат објавени следната недела за време на неговата светска премиера на саемот за автомобили во Лос Анџелес.