За полнење на Audi e-Tron или Teslа со батерии од 100 kWh, било потребно да се потрошат дури 900 американски долари или 45.643 денари

Поларната зима во Тексас е уште еден показател за моќта на природата. Кога студот ќе дојде таму каде што не се очекува, неговите последици се поразителни. Само во Тексас починаа најмалку 58 лица поради силен студ.

Но, многу Тексашани исто така ќе ја паметат оваа зима поради рекордните сметки за електрична енергија. NBC News известува дека сметките за електрична енергија на некои домаќинства достигнале 10.000 американски долари на месечно ниво.

Либерализираниот пазар на електрична енергија довел и до голем пораст на цените, така што во еден момент 1 MWh чинеше 9.000 долари што претставува зголемување од 17,900 проценти. Инаку, чини околу 50 долари.

Како последица, ова е причина и за зголемување на цената на полнење електричните автомобили, што заедно со намалениот опсег при ниски температури, ги тера многу граѓани да го преиспитаат целиот концепт на електрична подвижност. Имено, За полнење на Audi e-Tron или Teslа со батерии од 100 kWh, било потребно да се потрошат дури 900 американски долари или 45.643 денари. Сопствениците сигурно ќе ги памтат засекогаш овие многу скапи изминати километри.