Стопиран развојот на хиперавтомобилот Toyota GR Super Sport?!
Извештаите кои доаѓаат од Јапонија велат дека развојот на патничката верзија на хиперавтомобилот на Toyota под име GR Super Sport е ставен во мирување по сериозна несреќа која се случила за време на тестирање на прототипот
Тест возилото за хибридниот хиперавтомобил со моќност од 986 КС, наводно, се запалило и претрпело сериозни оштетувања за време на тестот на патеката Fuji Speedway минатиот месец.
Јапонските медиуми наведуваат дека програмата за патнички автомобил е целосно откажана, иако развојот на хиперавтомобилот Toyota GR010 Le Man не треба да биде загрозен, барем според напис во мотоспорт изданието Racer.
Британскиот Autocar стапил во контакт со Toyota, но јапонската компанија нема официјален коментар.
Според планираното, GR Super Sport треба да го придвижува прилагодена верзија на тековниот тркачки TS050 Hybrid електрифициран 2.4-литарски twin-turbo V6. Toyota не опишува детално како работи хибридниот систем на патниот автомобил или колку електрични мотори има, туку само ја открива планираната моќност од 986 КС. Другите детали, исто така, се чувани во тајност, вклучувајќи информации за цената и производната бројка.
Toyota неодамна побара од потенцијалните сопственици да пополнат прашалник, прашувајќи за тоа кои автомобили веќе ги поседуваат и планираат да ги купат, дали поседуваат Toyotа 2000 GT или Lexus LFA.