Ирската влада вели дека заостанува зад другите европски земји кога станува збор за намалување на штетните емисии

Токму затоа, 2030 година Ирците сакаат да стават точка на продажбата на нови модели на автомобили кои емитуваат штетни гасови односно ако нема нула емисија автомобилот нема да може да се регистрира.

Постоечките возила кои користат SUS агрегати според планот ќе преживеат во употреба најдоцна до 2045 година. После тоа, истите нема да можат да се користат во Ирска.

Ирската Влада наведува дека во оваа земја на патиштата во моментов сообраќаат околу 10.000 електрични автомобили, и планираат преку различни иницијативи и субвенции оваа бројка драстично да се промени во текот на следните неколку години. Извршната власт во следниот период планира да постави 90 суперполначи на клучните патишта во Ирска, а ќе биде усвоен и закон со кој сите згради кои имаат бизнис намена и повеќе од 10 паркинг места да мора да имаат и суперполначи за електрични автомобили.

Ирската власт верува дека со овој пристап, бројот на еколошки возила значително ќе се зголеми. Дури предвидуваат дека до 2030 година бројот на „зелени“ автомобили ќе изнесува 936.000, од кои околу 840.000 патнички возила, 1.200 автобуси и 95.000 товарни возила и камиони.

Истовремено, Ирска планира да ја забрани употребата на пластични материјали кои не можат да се рециклираат, како и зголемување на количината на енергија произведена од обновливи извори.