СТОП за бензинците и дизелите во Амстердам!
Автомобилите и мотоциклите кои користат бензин и дизел ќе бидат забранети во Амстердам од 2030 година, со цел почист воздух во градот
„Загадувањето е често тивок убиец и е еден од најопасните фактори за здравјето на луѓето во Амстердам“, рече советничката за сообраќај во Амстердам, Шерон Дијксма, пренесува Reuters.
И покрај фактот што голем број Холанџани возат велосипед, загадувањето во Холандија е на повисоко ниво отколку што е дозволено според европските правила, особено поради големиот број на возила во Амстердам и Ротердам.
Холандското Министерство за здравство предупредува дека сегашното ниво на азотдиоксид и честички во воздухот може да доведе до респираторни заболувања и да го скрати животниот век дури и за една година.
Од Градскиот совет велат дека планираат сите автомобили кои користат бензин и дизел да ги заменат со алтернативни методи на превоз, како што се електричните автомобили и оние кои користат водород како погонско гориво.
Веќе од следната година, сите дизел возила произведени пред 2005 година не ќе можат да сообраќаат низ градот.