Дополнителни трошоци секако не ви се потребни!

Со убавите пролетни денови и првите високи температури, многумина посегнуваат по клима уредот во автомобилот. Но, внатрешноста не мириса добро, ниту пак воздухот е доволно ладен? Или пак од отворите за воздух доаѓа некој непознат звук? Не е намалена ниту потрошувачката на гориво, иако летните гуми се веќе на автомобилот, а нема ниту снег или мраз, нема лизгање или возење на долги растојанија со ниска брзина?

Заклучокот е еден – клима уредот треба да се провери пред да се продолжи со негова употреба. Автомобилот со вклучена исправна климатизација при нормално возење троши само 2 до 3 проценти повеќе гориво. Значи, во просечен автомобил од средна класа, кој троши околу 7 литри гориво на 100 километри, тоа е зголемување на потрошувачката е за околу 2 децилитри на 100 километри. Точно, климатизацијата целосно ќе ја излади внатрешноста на возилото, дури и ако недостасува повеќе од една четвртина од фреонот, но затоа просечната потрошувачка на гориво ќе се зголеми за повеќе од еден литар.

Зошто е важно редовно да го одржувате клима уредот? Тоа ја гарантира долговечноста на уредот, а за возачот и патниците тоа значи пријатно патување и – здравје! Дефектен уред ја зголемува потрошувачката на гориво и загадувањето на животната средина. Покрај тоа, кога клима уредот е вклучен, микро организми, претежно бактерии, се распрснуваат во внатрешноста на возилото, а тоа патниците го препознаваат како непријатен мирис. Недостатокот на потребниот гас во системот е причина за недоволно или воопшто ладење на воздухот.

Само ако правилно се одржува овој систем, односно се грижите за редовно чистење на разладните и уљаните гасови во компресорот и проверувате дали истекува гас кај овластен сервисер, тогаш може да бидете сигурни дека клима уредот ќе работи со полн капацитет. Системот се состои од многу гумени цевки кои не секогаш дихтуваат 100 проценти. Преку микроскопските дупки и порите од куќиштето на компресорот, гасот за разладување постојано излегува во атмосферата.

Секако дека е важно да се спомене и загадувањето на животната средина. Ова беше една од причините за воведување на новиот гас R1234f, кој е далеку помалку штетен за животната средина. За споредба, да речеме дека стариот гас R134a е 1.430 пати поштетен за атмосферата отколку јаглерод диоксидот (CO2).

Сервисирање на клима уредот се препорачува секоја година, а замена на филтрите во внатрешноста еднаш или два пати годишно.