Спорот е за влијанието на цврстите честички и озонот на здравјето на луѓето

Меѓународниот совет за чистота на транспортот (ICCT) е со седиште во Вилмингтон (САД) и го проучува влијанието на автомобилската технологија врз животната средина. Токму тој е меѓу организациите кои во 2015 година дадоа сигнал до властите по што дојде до дизел скандалот со Volkwagen.

Експертите на ICCT, сепак, не запираат тука и подготвиле нова студија, во која учествуваат научници од универзитетите Џорџ Вашингтон и Боулдер (Колорадо). Во студијата се разгледуваат штетите предизвикани од честичките од 2.5 микрони и озонот. Токму честичките со големината на 2.5 микрони се оние остануваат во белите дробови на луѓето.

Според новото истражување на научниците, токму тврдите честички и озонот се причина за 43.000 прерани смртни случаи само во Германија, што е многу над просечниот показател за ЕУ. Ова тврдење веднаш беше оспорено од експерти, додека еколошките организации го користат како средство за барање на уште поголеми ограничувања за автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Во изјавата на ICCT се тврди дека годишно 3,4 милиони луѓе во светот умираат од загадување на воздухот, бидејќи тоа предизвикува болести како мозочен удар, инфаркт и дијабетес. Се тврди дека само во 2015 година цврстите честици и озонот произведени од транспортниот сектор довеле до смрт на 385.000 луѓе.

Покрај автомобилите, штета причинува и земјоделството, централите, фабриките и системите за греење. При транспортот, проблемот не е само во движењето на автомобилите, туку и во остатоците од автомобилски гуми, кои се добиваат заради нивното триење во патот, а исто така и од материите кои се испуштаат од сопирачките.

Студијата не укажува на тоа каква е штетата од озонот. Овие резултати се жестоко оспорени од експерти во Германија кои се обидуваат да ги намалат ограничувањата за дизел моторите во големите градови. Тие се категорични дека таквите бројки не се реални и се надвор од контекст. Како пример тие истакнуваат дека чевлите исто така се гребат од површината и испуштаат штетна прашина што луѓето потоа ја дишат.

Институтот за хемија Макс Планк во Мајнц, исто така, не се согласува со тврдењата на американските научници. Според неговото истражување, 120.000 луѓе годишно умираат само во Германија од негативното влијание на штетните честички. Околу 45% од нив се должат на земјоделството, а не на патниот сообраќај. Исто така штетни се електраните и системите за греење.