Oд фабричката линија во Шенјанг, Кина е симант првиот примерок на BMW iX3

BMW заостанува зад конкуренцијата кога станува збор за електрични SUV модели, па моделот iX3 е обид да се надополни овој заостаток

Автомобилот, кој се произведува во рамките на заедничката компанија BMW-Brilliance Automotive (BBA), ја дели производствената линија со конвенционалниот BMW X3 со SUS мотор.

Од BMW велат дека моделот iX3 е темелно тестиран пред стартот на сериското производство за да се осигурат дека сите негови склопови, вклучително и софтверот, работат беспрекорно. Според BMW, во рамките на статичкото тестирање се извршени 128 механички и 994 софтверски тестови, проследени со 140 функционални тестови.

Германскиот производител премиерата на iX3 ја одржа кон средината на јули, а во рамките на овој автомобил дебитираше и новата генерација eDriva погонскиот систем за електрични возила, кој вклучува батерија со капацитет од 80 kWh и нов електромотор од 285 КС и 400 Nm.

BMW iX3 е во состојба да помине до 460 км со полна батерија, мерена според стандардот WLTP. Моќта на електромоторот се пренесува само на задните тркала, така што може да се каже дека станува збор за BMW со традиционален погон.

Од 0 до 100 km/h, BMW iX3 пристигнува за 6,8 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 180 km/h.