Македонска премиера за четвртата генерација на радикално променетиот Tucson

Со онлајн презентација, македонскиот импортер за возилата на Hyundai, Ми-да Гранд Моторс, го означи стартот на продажбата на можеби најзначајниот модел во портфолиото на марката.

„Добредојдовте во револуцијата. Потполно новиот Tucson не е едноставна еволуција на својот предходник, туку потполна револуција на дизајнот“,  ќе речат од Hyundai, a со што во целост се согласуваме.

Префинетиот и прогресивен дизајн на потполно новиот Tucson е навистина револуционерен. Динамични геометриски облици, остри агли и први во светот Параметриски скриени светла се комбинација која го прави моќен и единствен на патот. Благодарение на врвната технологија на светлата како полу-посребрени огледала, Параметриските скриени светла се скриени кога се исклучени, а кога ќе се вклучат надворешниот страничен дел од решетката на ладилникот се трансформира во идеални форми на крилја, создавајки
високотехнолошки стил на осветлување. Кога ке се згаснат, повторно се соединуваат со решетката.

И задниот дел е целосно во склад со идејата Tucson да биде посебен. Атрактивната група на задни светла поврзани со LED лента дава впечаток дека моделот е поширок отколку што е навистина. Всушност новиот Hyundai Tucson е за 20 mm поширок и подолг од својот претходник, 5 mm повисок, а за 10 mm е подолго и меѓуоскиното растојание. Така, димензиите на новиот модел се 4.500 mm во должина, 1.865 mm ширина, 1.665 mm висина со меѓуоскино растојание од 2.680 mm. Багажникот има употреблив волумен од 546 литри во основната конфигурација, но со поместување или преклопување на задните седишта може да се зголеми на огромни 1.799 литри.

Особено внимание е посветено и на ентериерот на новиот Tucson. Станува збор за целосно нова кабина која е целосно во согласност со трендовите во автомобилската индустрија. Овде просторот, технологијата и информациите хармонично се вкрстуваат, поставувајќи нови стандарди во сегментот со својот импресивен асортиман на напредна паметна технологија. Пред возачот се наоѓа дигитална инструмент табла од 10,25″, додека на централната конзола е поставен исто толку голем 10,25-инчен дисплеј за контрола на мултимедијата (за повисоките нивоа на опрема, стандардно 8-инчен). Лебдечките линии на контролната табла беспрекорно се спојуваат со вратите, обвиткувајќи ги патниците на предните седишта како широка, отворена тврдина. Сите контроли на навигацијата, на инфотејтмент системот и климатизацијата сега се активираат на допир, што создава префинет, беспрекорен изглед кој го нагласува стилизираниот и отворен ентериер.

Потполно новиот Tucson е подобрен со најсовремена паметна технологија, за да секое патување биде побезбедно и попријатно. Пред да тргнете на вашето патување, може да го проветите вашиот распоред со помош на 10.25“ екран осетлив на допир за да го потврдите состанокот и да го ставите вашиот телефон на подлогата за безжично полнење со голема брзина. И благодарејќи на Apple CarPlayTM и Android AutoTM можете вашиот паметен телефон да го поврзете за проекција на вашите омилени апликации и функции од телефонот на големиот екран од 10.25“. Можете да го користите гласовното управување на повици, праќање и примање на пораки и да слушате музика…

Не се штедело ниту на напредните но и најсовремени безнедносни системи и системи за напредна помош на возачот… Уживајте уште повеќе во спокојното возење со Hyundai SmartSense пакет за активна безбедност со широк распон на иновативни функции. Од автоматско кочење за избегнување на судари и задржување во лента, до детектирање на возило во вашиот мртов агол, потполно новиот
Tucson може да ве предупреди на потенцијалните опасности околу вас додека возите.

Кога станува збор за моторизацијата, во Hyundai морале да „размислуваат однапред“, пред се поради новите правила за емисија на штетни гасови во ЕУ. Покрај стандардните бензинци и дизели, во понудата ќе има и класичен хибрид, plug-in хибрид, како и благи хибридни системи. Детали за plug-in хибридот ќе бидат достапни кога ќе се приближи датумот за први испораки на возилото.

Сега за сега понудата е составена од 1.6-литарски турбо-бензинци со 150 и 180 КС, во комбинација со мануелен или менувач со двојна спојка DCT (погон напред/погон на сите тркала) и дизел 1.6 CRDi во изведба со 115 или 136 КС, исто така во комбинација со мануелен или менувач со двојна спојка DCT (погон напред/погон на сите тркала). Подоцна во понудата ќе се приклучат и хибридните изведби, благ, стандарден и plug-in хибрид.

Според објавениот ценовник, Hyundai Tucson на македонскиот пазар стартува со цена од 23.900 евра (без промотивни попусти). За повеќе инфо за моделот може да се обратите во салонот на Мида-Гранд Моторс или едноставно да појдете на веб страната на Hyundai Македонија.