Станиците за полнење на електрични автомобили имаат ниско ниво на безбедност: Хакерите можат да украдат пари со нив!
Хакерите лесно можат да заработат пари со хакирање полначи
На Isle of Wight во Англија, хакерите на дисплеите од станиците за полнење на електрични автомобили пуштале порногафија, а на дисплеите на станиците за полнење меѓу Москва и Санкт Петербург пак хакерите испраќале навредливи пораки против рускиот претседател…
Но, ова се само примери каде полначите се користени како провокација. Многу посериозни се заканите во кои хакерите можат да манипулираат со електричната енергија.
„Хакерските напади врз автоматизираните станици за полнење се во пораст“, вели Јоав Леви, извршен директор на Upstream Security, израелски обезбедувач на автомобилски платформи за сајбер безбедност. „Хакерите лесно можат да заработат пари со хакирање на полначите, било да ги исклучуваат полначите на корисниците или со нивно бесплатно користење. Се разбира, тука е и проблемот со фактот што секое наплатување го потврдувате со апликација или картички што ги прикажуваат вашите сметки“.
Леви мисли дека хакерите ќе се свртат против компаниите кои водат големи центри за полнење електрични возила, барајќи пари за отклучување на полначите. Нападите може да се покажат и подеструктивни бидејќи полначите може да се користат како влезна точка во мрежа.