Од Ford со гордост ќе речат дека се најголем производител на комерцијални возила во светот. Колку и да е јасно дека најголемиот дел од продажбата паѓа на познатиот модел од серијата F на американскиот пазар, сепак Transit е икона за себе во категоријата на ванови. Тој е толку популарен што покрај стандардниот Transit, подоцна во понудата се додадени и некои помали модели како Transit Connect, Transit Custom и Transit Courier

Токму стандардниот модел брзо го доби своето електрично издание и веќе неколку месеци успешно се продава „преку барата“.

Како логичен наследник, сега доаѓа e-Transit Custom кој е само еден чекор на американскиот производител на возила во однос на реализацијата на прокламираната цел да понуди пет комерцијални електрични возила во Европа до 2024 година.

Производството ќе се одвива во фабриката на Ford во Турција, а на купувачите ќе им биде достапen во втората половина на 2023 година. Производителот очекува повеќето купувачи да бидат од Велика Британија каде Transit Custom беше бестселер минатата година и го надмина својот најблизок ривал Vauxhall Corsa за над 25%.

Паралелно со него, ќе ја видиме и следната генерација на модели Volkswagen Transporter по потпишаниот договор кој ја регулира соработката меѓу американскиот и европскиот гигант со желба заедно да развијат голем број модели. Претходно беше најавено дека Ford ќе се грижи за комерцијалните возила, а Volkswagen за електричните, па не сме сигурни кој го презел раководството овде, бидејќи e-Transit Custom спаѓа во двете категории.

Во секој случај, за разлика од стандардниот Transit каде што дизајнерски бензинецот, дизелот и електричниот адут не можат да се разликуваат, Transit Custom носи бројни стилски линии специфични исклучиво за електричниот модел.

Разликите може да се забележат на решетката на ладилникот и LED фаровите кои се многу слични на оние што ги гледаме кај помалите модели како Fiesta и Focus. Она што сепак е најважно е она што се крие под хаубата. Ford се уште не сака да објави такви детали, но медиумите веруваат дека механиката ќе биде идентична со онаа на големиот Transit.

Во пракса тоа значи дека би можеле да видиме мотори со 180 или 265 КС (максималниот вртежен момент е идентичен со 430 Nm во двата случаи) и батерија со капацитет од 68 kWh. Со таква комбинација, ова комбе би можело да забрза од нула до 100 km/h за помалку од седум секунди и да достигне максимална брзина од 135 km/h, без да ги загуби оние работни способности со кои се прославија бензинецот и дизелот.

Медиумите шпекулираат и дека возачот ќе може да помине 378 километри со едно полнење на батеријата. Внатрешноста исто така може да биде многу слична, со 12.0-инчен монитор, различни работни приклучоци и најновата генерација на системот Sync 4.

Од Ford велат дека повеќе информации ќе објават во септември, а почетната цена во Велика Британија може да биде околу 46.785 евра.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatch app AniWatch Fairy Tail

Gintama

AniWatch How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom Part 2

anime sites AniWatch TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

SPY x FAMILY