Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се почестил со фантастичен автомобил

Србинот Никола Јокиќ игра за Денвер Нагетс од Колорадо и е еден од најдобрите кошаркари во целата лига, а според многу експерти, и моментално најдобриот центар на истата.

По успешно завршената сезона (зависи за кого како) Јокиќ си купил уникатен Mercedes автомобил, поточно, Brabus 800 G63 AMG. Оваа куќа за тјунери е позната по тоа што ја преправа „G-класата“ и ја прави уште помоќна отколку што е.

Цената на автомобилот е околу 300.000 долари, а конкретно овој модел има 4.000 кубика, околу 700 КС и 1200 Nm максимален вртежен момент.

Во прилог е и видеото од овој автомобил.