Среќа во несреќа: Ракета од тркало / ВИДЕО
Овој (не) среќен човек e жител на гратчето наречено Гојанија во Бразил. Неговото име е Клејтон Гомез да Силва и има 39 години. Преживеал пет сообраќајни несреќи во последните две години
Шестиот инцидент се случил на почетокот од овој месец, кога надзорната камера го снимила она што се случило. Неделава, локалните власти јавно објавиле видео клип на кој се гледа како Силва преживеал „ракета“ во форма на отпаднато тркало.
На судбинската вечер, да, Силва седел на маса со пријателите пред паб. Пиел пиво и разговарал со луѓето, кога покрај нив минал автомобил, кој што фрлал искри од местото каде што треба да биде тркалото.
Наскоро со полна брзина пристигнува и тркалото, така што човекот нема време да реагира, ниту пак некој од неговите пријатели. Тркалото просто го носи, како и се друго што му се наоѓа на патот.
Но, Да Силва како и пет пати претходно, има луда среќа, здобивајќи се со повреди кои не се опасни по неговиот живот. Да Силва минал само со полесни повреди на главата и набиен црн дроб. Од болница е ослободен по само неколку дена.
This. Is. Un. Real…??? pic.twitter.com/NtqGwHguSG
— Rex Chapman?? (@RexChapman) August 16, 2019