Улогата на дилерите се намалува, но производителите ќе имаат потешкотии да се справат без нив

Експерти од консултантската компанија KPMG спровеле истражување помеѓу водечките директори во глобалната автомобилска индустрија, при што 82% од нив веруваат дека професијата „дилер на нови автомобили„ ќе исчезне или ќе се трансформира. Се очекува најдоцна до 2030 година сегашните авто салони и начинот на кој функционираат да заминат во историјата, а автомобилите да се продаваат без посредник – преку интернет.

Јасно е дека ова ќе им овозможи на производителите да остварат поголем профит затоа што нема да има посредник. Самите дилери, исто така, веруваат дека времињата се менуваат и не негираат дека купувачите поминуваат многу време на интернет при изборот на нов автомобил.

Трговците, сепак, веруваат дека брендовите нема да можат да функцонираат без нив, а причината е што ниту еден производител не произведува автомобили што се подготвени за продажба веднаш штом ќе се симнат од фабричките ленти. На автомобилите им е потребна подготовка пред продажба и тешко дека компаниите што ги прават ќе се справат со тоа.

Некои од големите производители веќе експериментираат со нови форми на продажба, но никој од нив целосно не ја напушта комерцијалната мрежа. Корпорации како Daimler и Volkswagen, на пример, ги подготвуваат своите модели за директна продажба, оставајќи им на дилерите простор само да ги подготоват за испорака до клиентот за фиксна провизија – од 250 до 400 евра. Сепак, трговците засега нема начин како да бидат отстранети од целиот ланец.

Дилерите исто така се многу важни при промовирањето нови модели на пазарот. Производителите и увозниците (компаниите кои увезуваат автомобили) ги приморуваат да инвестираат многу во изложбените салони и да бараат нови решенија за зголемување на продажбата. Дилерите, пак, ги корегираат грешките на производителот, затоа што без тоа, ниту еден производ на пазарот не може да оствари профит.

За самиот клиент не е важно дали автомобилот ќе го купи од дилерот или од производителот. Сепак, купувачите навистина се фокусираат на купување преку интернет и добитници ќе бидат оние кои ќе се насочат во тој правец. Речиси целата постапка за избор на автомобил веќе се завршува во виртуелниот простор, при што корисникот не оди во салоните на дилерите или оди, евентално за да го види автомобилот во живо. Полесно, попогодно и заштедува време.

Се проценува дека одлуката за купување автомобил се носи по пребарување и читање информации на интернет во период од 18-20 часа. После тоа, на клиентот му осанува само да оди кај продавачот на автомобили и да ја склучи трансакцијата без да има дополнителни разговори со него. Кон ова помагаат и финансиски институции кои одобруваат лизинг преку интернет и ја подготвуваат целата документација за трансакцијата.

Сето ова покажува дека иднината на салоните за автомобили станува се подискутабилна. Од една страна, тие веќе не привлекуваат голем проток на посетители и не ја исполнуваат својата основна цел – да обезбедат информации за производот. Од друга страна, пред купување, секој клиент би сакал да го види автомобилот во живо и да го провози ако е возможно.

Затоа експертите вклучени во истражувањето на KPMG сметаат дека дилерите ќе останат во некоја форма. Без нив, на пример, сервисирањето на автомобилите е невозможно. Самите автомобили стануваат се посложени и наскоро нема да може било кој да ги сервисира, освен овластените сервиси на соодветните брендови.