Два сосема различни модели со сличен дизајн, кои за прв пат позираат заедно

Naraya е еден од 25-те хиперавтомобили од моделот Koenigsegg Agera RS, прва машина од серијата по нарачка на европски клиент. Освен по сопственото име, автомобилот го одликува и високиот степен на персонализација што го нуди.

Кабриолетот со тврд покрив на отворање беше претставен есента 2016 година на британската изложба Salon Privé Concours d’Elégance, а неговата внатрешност и надворешност се изработени рачно од сино обоен карбон и акценти од 18 каратно злато. Златниот финиш е дело на италијанскиот златар Еторе Калегаро, кој работел на автомобилот месец и половина по 12 часа на ден. За поголема ексклузивност во салонот се поставени 155 дијаманти, но под хаубата останува истиот мотор – 5.0-литарски V8 со 1.176 КС.

Оваа година, американскиот YouTube блогер, Зак Луис, конечно го доби својот Koenigsegg Regera, порачан 3 години порано. Тој е еден од 80-те произведени од моделот, и е инспириран од дизајнот на Agera RS Naraya – и надворешноста и внатрешноста на хибридот со V8 мотор и три електромотори (вкупна моќност 1.500 КС) се изработени во ист стил – сино обоен карбон и овој пат акценти од 24 каратно злато.

На ова видео, двата златно-сини хиперавтомобили се прикажани заедно за прв пат. Вкупно, автомобилите чинат повеќе од 5 милиони долари, а погледот е навистина величенствен.