Изработени од сребро, злато, абонос и јаглеродни влакна, очилата ќе бидат достапни во ексклузивни бутици

Bugatti објави дека ги здружиле силите со легендарниот дизајнер Лари Д. Сендс за да создадат колекција на очила со девет различни стилови и вкупно 37 парчиња. Колекцијата One, како што се нарекува, е првата „екскурзија“ на овој производител во светот на очилата.

Како што е познато, ништо што е врзано со името на Bugatti веќе не е евтино, но малопродажните цени за овие очила се движат од 1.000 до 15.000 евра, што веќе и не е изненадување кога станува збор за  цените на Bugatti.

За да ја одбрани таа цена, производителот на автомобили вели дека ќе користи ретки материјали, како што се паладиум, сребро, јаглеродни влакна, злато и абонос, а очилата ќе бидат направени во Јапонија.

Стиловите, пак, во меѓувреме ги создал Лери Сендс, кој во модната индустрија е 60 години. Во текот на својата кариера дизајнирал очила и колекции за некои од водечките светски модни куќи.

„Кога го добив повикот од Bugatti, бев малку изненаден, но ми беше чест да му пријдам на најмоќниот и најлуксузниот производител на автомобили во светот“, вели Сендс. „Се што правам е неочекувано, а очилата Bugatti се едно од моите најнеочекувани дела до денес. Очекувањето е непријател на креативноста”.

Од Bugatti велат дека некои од очилата за сонце во оваа колекција се направени со техники кои никогаш не биле користени во производството на очила. Ова вклучува позитивно таложење со пареа, во кое цврстиот материјал се испарува во вакуум и се депонира на површината на производот. Финишот е отпорен на абење и се користи во производството на модерните модели на Bugatti.

„Одлуката да се здружиме со толку остварен, почитуван и искусен уметник како што е Лери Сендс е доказ за нашите заеднички дизајнерски идеали и визија за извонреден квалитет за да се постигнат вистински иконски производи“, вели Вибке Стал, директор на Bugatti International.