Спортското возење може да ве направи двојно позадоволни од кардио вежбите?!
Се испоставува дека луѓето биле околу 59 отсто посреќни откако возеле на тркачка патека отколку по вежбање во теретана
Abarth и универзитетот „Loughborough“ во Обединетото Кралство спровеле студија во која дошле до заклучок дека спортското возење на тркачка патека има многу подобар ефект врз расположението отколку кардио вежбите.
„Добро е познато дека физичката активност е многу важна, не само за физичката форма, туку и за емоционалната и психолошката состојба. Од друга страна, не знаевме многу за тоа како возењето, особено на тркачка патека, може да влијае на расположението на одредена личност“, вели д-р Дејл Еслигер, универзитетски предавач кој го водел експериментот.
Во истражувањето се користеле голем број сензори, се следеле изразите на лицето на возачите, витални податоци како што е отчукувањето на срцето, но и субјективните впечатоци на луѓето кои учествувале во изстражувањето.
Луѓето кои учествувале во истражувањето одработиле еден тренинг во теретана и исто толку долго возеле со спортски автомобили на тркачка патека.
„Прелиминарните податоци покажуваат дека двете активности имаа позитивно емотивно влијание врз учесниците, но возбудата на тркачката патека влијаела многу повеќе на подобрување на нивното расположение“, вели Еслигер.
Според резултатите, 59 отсто од луѓето биле посреќни по возење на тркачка патека отколку по тренингот во теретана.
Кога станува збор за индивидуални вежби, расположението од возење на патека било за 4 проценти подобро отколку по тренинзите со тегови, 20 проценти подобро отколку по комбинирани тежини и кардио и дури 116 проценти подобро отколку само по кардио вежби. Истражувањето исто така покажало дека дури и возењето на совозачкото седиште за 77 отсто подобро влијание на расположението отколку кардио вежбите.