
Според најновите истражувања, возачите соопственици на кучиња се повнимателни
Ново истражување на Seat открива дека кучињата имаат позитивен ефект врз возачите
Возењето со куче во автомобил го намалува стресот зад воланот и го мотивира возачот да се вози побезбедно, се вели во најновото истражување спроведено од Seat UK.
Студијата на шпанската компанија открива дека повеќе од половина од возачите кои поседуваат кучиња (54 проценти) возат повнимателно кога миленичете е со нив во возилото, особено помладите возачи на возраст од 18 до 24 години (69%).
Во меѓувреме, постарите возачи (над 55 години), се на другата страна од спектарот, бидејќи само 42 проценти од нив возат повнимателно кога кучињата се во автомобилот со нив.
Лондончаните и луѓето од североистокот најчесто се однесуваат поинаку кога ги возат своите миленици, затоа што 70, односно 66 проценти од нив велат дека се повнимателни зад воланот кога се во улога на „пет такси“.
Покрај тоа, присуството на куче во автомобилот има ефект на намалување на стресот за возачот, а 35 проценти од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат порелаксирано кога кучето е со нив во возилото.
Сепак, и покрај сето ова, многу сопственици на кучиња не се свесни за законот со кој се уредува возењето на кучиња во автомобили. Повеќе од една третина рекле дека не се сигурни дали воопшто има регулатива, додека 90 проценти рекле дека не знаат за девет казнени поени и казна од 5000 фунти за неправилно возење на кучињата. Една петтина од сопствениците на кучиња признале дека не ги врзуваат кучињата во автомобилот, што во превод значи милиони „престапници“ на британските патишта.
„Сите знаат дека Британците се пасионирани љубители на кучиња, а оваа студија потврдува дека присуството на најдобриот пријател во автомобилот може да придонесе за побезбедно возење, со позитивно влијание врз менталното здравје и намалување на стресот. „Win-WIn комбинација“, вели Најџел Гигс, шеф на Seat UK „Сепак, возачите треба да обезбедат и кучињата да се возат безбедно, за што има специфични додатоци. Правилното врзување на домашни миленици е исто толку важно како и користењето на сигурносен појас“.