„Она што е добро мора да биде и убаво“. Ова била девизата на Вилхелм и Карл Maybach на почетокот од 20-век. По повод стогодишнината, Mercedes-Maybach ги претстави Edition 100, специјално издание на актуелните модели од Ѕ-класата и GLS, ограничени на по 100 единици

 

Maybach отсекогаш бил луксузен автомобил направен по мерка, натоварен со фина технологија и мајсторска рачна изработка. Исто така, секогаш претставувал израз на карактерот и социјалниот статус на сопственикот. Во 1928 година, лимузината на индиски махараџа, била украсена дури и со злато и рубини! Со децении, додека членовите на кралските семејства, светските лидери, филмските sвезди и спортските шампиони патуваа со возила на Mercedes-Maybach, двојниот амблем М стана врв на техничката иновација и софистицираниот луксуз.

По повод 100-годишнината, луксузната марка Mercedes презентираше два специјални јубилејни модели. Ограничени на по 100 единици, Edition 100 имаат рачно нанесена сребрена и наутичка сина надворешност со уникатни тркала кои се одликуваат со нова сива завршница. Дополнителните промени се ограничени, но јубилејните модели исто така имаат значка „Edition 100“ на неколку позиции од автомобилите.

Компанијата не навлегува премногу во многу спецификации, но ултра луксузниот GLS има твин турбо 4.0-литарски V8 мотор кој произведува 557 КС и 730 Nm вртежен момент. Оваа единица на моделот треба да му овозможи забрзување од 0-100 km/h за 4,9 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 250 km/h. Внатрешноста е звучно изолирана и украсена со првокласна кожа, а прагот кој електрично се извлекува обезбедува максимална удобност при влегување и излегување.

Mercedes-Maybach S-Class, од друга страна, под хаубата има твин-турбо 6.0-литарски V12 мотор кој произведува 630 КС и 1.001 Nm вртежен момент. Забрзувањето до „стотка“ е 4,4 секунди, додека максимална брзина е 209 km/h. Стандардната опрема вклучува задна преграда со звучна изолација со Burmester 4D Surround звучен систем, високотехнолошки инфо-забавни екрани…

Како дополнителен бонус, клиентите ќе добијат брендирана Maybach заштитна прекривка за автомобилот си кристално бела или црна кожна торба. Компанијата се здружилa со Robbe & Berking за да понуди и сребрени чаши за шампањ со специјална гравура. Ако тоа не е доволно екстравагантно, тука е и пенкалото со мастило и перо со златно зрно од 18 карати, 100 дијаманти…

Во Германија, нарачките ќе почнат да се прифаќаат во четвртиот квартал, а испораките ќе започнат на почетокот од следната година. Работите се малку поинакви во Соединетите држави бидејќи Американците ќе ја добијат само Ѕ-класата која ќе биде достапна во првата половина на 2022 година.