Niva Bronto има подобрен клиренс од 240 mm и специјално наместена суспензија со модифицирани амортизери и засилена задна оска

Во многу делови од светот, Lada Niva буди убави спомени за возило со 4 × 4 подготвено да се справи со најтешките теренски предизвици. Мора да се признае, перформансите на асфалт се, благо кажано, умерено точни, а пасивната безбедност на возилото во случај на судир е горе-долу како средба со Френсис Нгану, UFC шампионот во тешка категорија.

Lada Niva Bronto е специјална верзија, уште поприлагодена на теренските предизвици, а сепак ценовно достапна. Во Русија чини нешто повеќе од 11 илјади евра, а за тоа добивате 1.7-литарски бензински мотор со 82 КС и 129 Nm вртежен момент. Тој оди во комбинација со петстепен мануелен менувач и погон на сите тркала, што овозможува забрзување од 17 секунди до 100 km/h и максимална брзина од 142 km/h.

Niva Bronto има подобрен клиренс од 240 mm и специјално наместена суспензија со модифицирани амортизери и засилена задна оска. Додадени се блокади на предниот и задниот диференцијал, со веќе вграден диференцијал на централниот диференцијал. Заедно со редукторот на пренос, оваа Niva би можела да се дружи и со дивокозите на падините на Алпите.

Lada снимила и промотивно видео за оваа верзија, а на вас останува да со погледнете…