Специјална фенси едиција на малиот градки модел – Citroen C1 JCC+ / ФОТО+ВИДЕО
Citroen со помош на францускиот дизајнер Жан-Шарл де Кастелбажак креираше специјален модел С1
Специјалната верзија носи ознака JCC + и со себе носи бројни детали кои го разликуваат од другите модели во понудата на градски автомобили на француската компанија.
По C3 JCC од 2018 година, новиот автомобил се заснова на најдобрата Flair опрема, но сега има автоматски фарови, електрични странични ретровизори, 7-инчен екран на допир, задна камера за паркирање, како и затемнети прозорци и хромирани внатрешни рачки на вратите.
Во салонот има сјајни црни детали како што се рамката од екранот и рачката на менувачот, а на арматурната табла доминира црвен панел. Белите детали се околу отворите за воздух, а седиштата се тапацирани во фина сина ткаенина. Подните облоги се црни со жолт конец.
Кога станува збор за моторизацијата, под хаубата се наоѓа 1.0-литарски 3-цилиндерски бензински мотор VTi 72 кој генерира 71 КС спарен со мануелен менувач.
Забрзувањето од 0 до 100 km/h изнесува 14 секунди, со максимална брзина од 160 km/h и емисија на СО2 од 110 g/km.