Францускиот производител на суперавтомобили Bugatti го претстави на светот својот пет милиони евра вреден модел Divo

Автомобилот е именуван по предвоениот возач на трки за Bugatti, Французинот Алберт Диву, кој се натпреварувал кон крајот на 1920-тите години за фабричкиот тим на овој производител и двапати триумфирал на трката Targa Florio.

Францускиот бренд ќе направи само 40 примероци, кои веќе се продадени.

„Divo е нов доказ за нашата дизајн филозофија – форма да ги следи перформансите“, вели директорот за дизајн на Bugatti, Ахим Аншајт, на кого се надоврзува претседателот Стефан Винкелман, „До денешен ден модерниот Bugatti е совршен баланс помеѓу високи перформанси, динамика и луксузни удобност” .

Во споредба со Chiron, Divo е повеќе фокусиран на динамично возење, 35 килограми е полесен со дополнителни 89 килограми потисна сила.

Сепак, двата модели под хаубата имаат идентичен мотор – W-16 (1.517 КС), но Bugatti не ги открива перформансите на новиот адут.

„Divo има значително повисоки перформанси во однос на забрзувањето, агилноста и вртењето. Divo е изграден за свиоци“, вели Винкелман.