По потпишувањето на договорот со Aston Martin, искусниот шпански возач Фернандо Алонсо се подготвува за новата сезона во Formula 1, но учествува и во промотивните активности на компанијата

41-годишниот Алонсо учествуваше во реклама за моќниот Aston Martin DBX707, што е британскиот одговор на теренци како што се Lamborghini Urus Performante и Porsche Cayenne Turbo GT.

Популарниот Нандо годинава ќе му биде колега на Ленс Строл во F1 тимот, сезоната е многу блиску, но пред тоа сними реклама за споменатиот супер SUV, кој го извозе до неговите „граници“ на патека во потера по „совршен круг“.

Моделот DBX707 е придвижуван од 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор од AMG, кој развива 697 КС и 900 Nm вртежен момент. Забрзува од 0 до 100 km/h за 3,3 секунди и достигнува максимални 310 km/h. Теренецот тежи 2.245 килограми.