
Сопствениците на Tesla незадоволни! Се жалат на материјалот на воланот кој се распаѓа по 6.000 километри
Неколкумина на социјалната мрежа Twitter и форумите на Tesla Motors Club се пожалиле на проблемот со абење на материјалот на воланот
Сопствениците на импресивно брзиот Tesla Model S Plaid на социјалните мрежи опишуваат проблеми со дел од електричниот автомобил. Тоа е материјалот со кој се покрива контроверзниот „Steering Yoke“ волан, а кој наводно се распаѓа со алармантна брзина.
Неколкумина на социјалната мрежа Twitter и форумите на Tesla Motors Club се пожалиле на проблемот со абење на материјалот на воланот. Засега се чини дека проблемот е чисто естетски, но тоа е проблем кој настанува многу брзо. Сопственик на Tesla Motors клубот се пожалил дека материјалот почнал да се истрошува по само шест месеци.
Yeah ? pic.twitter.com/jK0VPgTMuV
— The Kilowatts ?
(@klwtts) July 30, 2022
Креаторите на веб-страницата The Kilowatts исто така откриваат дека тие го имале истиот проблем по само 40.000 изминати километри. Еден TikTok-ер вели дека неговиот волан почнал да се лупи по 19.000 километри, додека друг сопственик наведува 6.000 километри.
Се разбира, многу луѓе застанале на страната на Tesla и ги обвиниле сопствениците за неправилно користење на воланот, посочувајќи на очигледни набори кои можеби биле предизвикани од ноктите на рацете. Други укажуваат на користење на погрешен лосион за раце или средство за дезинфекција на раце, чии состојки тврдат дека може да го забрзаат абењето на материјалот.
only 12,000 miles on my Plaid Model S and this is already happening? @Tesla @elonmusk pic.twitter.com/mlz2tdZKdu
— jf.okay (@therealjfokay) August 23, 2022
Недостатокот на издржливост на делот е уште поразочарувачки со оглед на фактот дека основниот Tesla Model S чини повеќе од 95.000 долари, додека цената на Plaid започнува од 135.990 долари.