Сопственици на Tesla во Норвешка започнале штрајк со глад?!
Норвешка е светски рекордер по електрификација на возниот парк, но и таму има проблеми.
За најновите проблеми, наводно, се обвинуваат автомобилите на Tesla, за кои група сопственици на автомобили од Норвешка тврдат дека често се расипуваат и имаат бројни проблеми. А за да им се слушне гласот се решиле на радикален потег и започнале штрајк со глад.
Со таков ригорозен метод сакаат да го свртат вниманието на проблемите кои секојдневно ги доживуваат во своите автомобили. Според нивните тврдења, автомобилите на Tesla имаат бројни проблеми, почнувајќи од лош квалитет на изработка, како на пример седиште кое се ниша, до случаи кога автомобилот не може да се стартува.
#TESLA HUNGER STRIKE IN TESLA COUNTRY #1 ?? NORWAY 27. aug 2022 @elonmusk
NORWEGIAN TESLA OWNERS ARE SUFFERING pic.twitter.com/2XkiIiG6df
— Erlend Mørch (@monstermasten) August 27, 2022
Нивната крајна цел е Илон Маск да слушне за нив. Сигурни се дека ќе реагира на нивните барања и ќе им помогне. Досегашното искуство е дека целиот процес на сервисирање трае предолго, а честопати грешките не се целосно отстранети.
А сето тоа е важно затоа што станува збор за мал пазар и земја со најголем број на автомобили Tesla по жител во светот. Во секој случај, тоа е негативна реклама, не само на норвешкиот, туку и на европскиот пазар, каде моделите на Tesla се најпродавани во конкуренција на електрични автомобили.
А листата на најчести проблеми со кои се среќава и ја наведува оваа група сопственици на Tesla е следната:
- автомобилот не се „пали“ кога е ладно,
- автомобилот не се „пали“ кога е жешко,
- рачките на вратите не се отвораат кога е ладно,
- интензивно шкрипење,
- „меурчиња“ во седиштата,
- лабаво предно седиште,
- капакот на багажникот исполнет со дождовница,
- автопилотот не работи правилно,
- интернет конекцијата е премногу бавна,
- неисправност на брисачите на шофершајбната,
- автомобилот крцка кога поминува преку нерамнини,
- лабави украсни лајсни,
- вратата во некои случаи се отвора сама од себе,
- вградениот компјутер не работи,
- жолта лента на екранот,
- прозорците не се затвораат целосно,
- системите сами се рестартираат,
- проблеми со намалување на моќта на полнење на батеријата,
- проблеми со корозија на нови автомобили (особено Model 3),
- слаб квалитет на боја – потребно е лакирање,
- проблеми со климатизацијата,
- пократко траење на батеријата отколку што тврди Tesla.
Илон Маск и Tesla не коментираат, но на профилот на Маск е објавен твит за диета. Случајност или не, проценете сами.
On advice of a good friend, I’ve been fasting periodically & feel healthier
— Elon Musk (@elonmusk) August 28, 2022