Сопственик на Tesla добил сметка од 600.000 долари за полнење на автомобилот
Американската компанија се правда со проблем во системот за полнење
Сопственик на Tesla од Кина добил шокантна сметка откако го наполнил својот електричен автомобил во системот Supercharging. Според сметката, тој должел 600.000 долари за услугата, пишуваат кинеските медиуми.
Човекот го полнел својот Model 3 користејќи ја апликацијата на неговиот паметен телефон. Набргу потоа, тој бил информиран дека полнењето на неговиот автомобил е забрането поради неплатени такси од 3.846.306 јуани или 608.708 долари. Згора на тоа, Кинезот имал бесплатни кредити за полнење на системот Supercharging, а ги немал искористено сите.
Од сметката што ја добил јасно се гледа дека за својот електричен автомобил користел 1.932.720 kWh. Пресметките покажуваат дека таквата енергија е доволна за Tesla Model 3 Standard Range Plus да се полни од 0 до 100% најмалку 32.000 пати.
Човекот контактирал со одделот за услуги на клиентите на Tesla, каде што бил информиран дека „има грешка во наведените системи на некои од алатките за трансфер, која треба да се елиминира“. Не е јасно што го предизвикало проблемот, но според некои експерти, Tesla правеле ажурирање на својот систем за полнење, што довело до грешка.