Со трактор до нов светски брзински рекорд / ВИДЕО
Мистериозниот тест-возач Стиг од популарното автомобилско шоу Top Gear уште еднаш влезе во книгата на Гинисови рекорди – возејќи трактор на писта на поранешен воен аеродром во Велика Британија
Стиг, кој и претходно се има испробано во соборување на брзински рекорди со исклучително невообичаени возила, како што е косилка за трева или автомобилче од забавен парк, овој пат седнал зад воланот на модифициран трактор опремен со моќен Chevrolet 5.7 V8 мотор со дури 500 коњски сили.
Неговата задача била да го надмине претходниот брзински рекорд, поставен во 2015 година од страна на поранешниот четирикратен светски шампион во рели, финскиот Јуха Канкунен, и изнесувал 130 km/h.
Стиг на крајот успеал да го собори рекордот возејќи го тракторот со просечна брзина од 140,44 km/h. Во првото возење успеал да развие 147,92 km / h, а во второто, во спротивна насока, 132,96 km/h.
Како сето тоа изгледа погледнете и сами.
https://www.facebook.com/GuinnessWorldRecords/videos/10160437864410571/