Дизелите од моделната 2016 година се најголемите „прекршители“, судејќи според некои нови податоци

Возачите трошат до 75 проценти повеќе гориво отколку официјалните бројки.

Компанијата Carly објави податоци базирани на повеќе од еден милион возила кои се во употреба низ целиот свет, односно порастот во несогласувањето помеѓу официјалните вредности и реалната потрошувачка, година по година, од 2004 до 2016.

Најзначајната разлика е забележана кај дизел моделите од 2016 година, кои забележале во просек 75 проценти поголема потрошувачка отколку што е номинално поставено од страна на производителот.

Компанијата Carly проценува дека возачите кои надминуваат дваесет илјади километри, на гориво трошат околу 1000 евра повеќе во однос на официјалните фабрички податоци.

„Постои тековен конфликт на интереси во однос на потрошувачката на гориво. Со текот на годините, регулативата налагаше се пониски нивоа на емисија на CO2, додека возачите сакаа се помоќни и полуксузни возила“, вели Авид Авини, еден од основачите на Carly. „Со секое ново намалување на емисиите, производителите мораа да ја намалат потрошувачката на гориво. Сепак, тие ги базира своите податоци на лабораториски тестови не сообраќај во реално време. Потрошувачката на гориво е една од клучните работи за возачите и иако на производители не им е лесно да ја предвидат вистинската потрошувачка, бидејќи тоа во голема мера зависи и од стилот на возење на поедници, разликите во податоците сепак се загрижувачки, затоа што потрошувачите не можат да се потпрат на фабричките податоци“.

Веста доаѓа само шест месеци откако Европската унија воведе нов формат на стандардизација на емисиите на издувни гасови и потрошувачката на гориво: WLTP (Worldwide harmonized Light vehicles Test Procedure), кој е замена за „лабораторискиот“ NEDC циклус. Новата форма конечно ќе ја преземе улогата на стандарден начин на мерење во август оваа година, додека некои автомобили и понатаму ќе ги користат NEDC бројките но само до почетокот на 2019 година.