Со пикапот Tesla Cybertruck оди и уникатна јахта / ВИДЕО
Необичното пловило може да се движи и на копно
Италијанското студио Lazzarini дизанирало необично превозно средство, кое потсетува на амфибија, кое може да се движи и на вода и на копно. Една од неговите особености е и место за пикапот Tesla Cybertruck во товарниот простор.
Проектот на Италијанците се нарекува Pagurus. Јахтата со должината од 25 метри е опремена со четири цилиндри со специјални спирали. Во режим на работа, тие буквално го извлекуваат морскиот брод на брегот.
Како што споменавме, пикапот Tesla Cybertruck се наоѓа во товарниот простор на пловилото кое може да се полни и на лице место и со дополнителни соларни панели.
Првично, возилото е конструирано да ги исполнува барањата на војската, но студиото ја сменило идејата поради огромната побарувачка за луксузни јахти. Предвидено е трупот да биде направен од карбон, а движењето се овозможува со два дизел мотори со вкупна моќност од 900 КС. Во водата јахтата ќе може да се движи со брзина до 50 km/h.
Според прелиминарните проценки, цената на бродот ќе биде не помалку од 30 милиони долари, но сè уште не е јасно кога би влегла во производството.