Со новата Mokka доаѓа и ново и лого / ФОТО+ВИДЕО
Opel наскоро ќе претстави ја новата генерација на кросоверот Mokka, а како увертира на премиерата на овој модел, производителот од Риселхајм го откри и своето ново лого
Oзнаката Mokka на возилото е сосема нова, со специјално дизајниран фонт.
Германскиот производител објаснува дека името и амблемот сега се во центарот на новата генерација на возила Opel, a така е и со новата Mokka, првиот модел во гамата чие име се позиционира централно на задната врата, под веќе познатиот симбол.
Без непотребни додоатоци, како што се линии на опрема или претходната ознака Х, името на новата генерација го носи само името Mokka или Mokka со мало „е“ во случајот со електричната верзија.
„Логото ја отсликува апсолутната прецизност на новата Mokka“, објаснува Марк Адамс, потпретседател на Opel Design. „Современо дизајниран, логото е поставено хоризонтално, за да се нагласи ширината на возилото. Оваа централна позиција е во согласност со дизајнерската насока на Opel, каде клучните визуелни елементи се наоѓаат долж вертикалните и хоризонталните оски“.
Новата генерација Opel Mokka премиерно ќе биде претставена подоцна оваа година, а на клиентите ќе им биде достапна во почетокот на 2021 година.