Со брилијантна тактика Хамилтон до седма победа на Хунгароринг /ВИДЕО
Британецот Луис Хамилтон триумфираше во трката за ГН на Унгарија пред Макс Верстапен и Себастијан Фетел
Со новата победа, Хамилтон стигна до седми триумф на оваа патека, а победата дојде по голема борба и одличната тактика на Mercedes. Макс Верстапен имаше голема предност, но гумите не издржаа.
На стартот се тргна одлично за Макс Верстапен. Хамилтон одлично стартуваше од третата позиција, но Макс се одбрани. Ботас лошто тргна, му дозволи на Хамилтон да го помине, при што имаше и мал контакт, а целата ситуација ја користи Леклерк за да направи фантастичен старт и веќе по првите свиоци и тој да го помине Ботас и да се пробие на позицијата три. Се поочигледно е дека во McLaren одлично се работи и се напредува, а тоа уште еднаш го докажаа и возачите кои имаа одличен почеток на трката и ги запоседнаа позициите 5 и 6.
Контактот помеѓу Хамилтон и Ботас набрзо се покажа дека не бил наивен, па Ботас веќе во 6-от круг оди во бокс по нов „нос“ и нови гуми (тврда компонента), по што на патеката се враќа како последен.
Рикардо стартуваше од 20-та позиција поради промена на погонската единица, и дури по 18 круга успеа да се пробие до 15-та позиција следен од Валтери Ботас. Веќе кон половина од трката и двајцата влегоа во битка за поени.
По замената на гумите, Хамилтон видливо беше побрз од Верстапен, па брзо бевме сведоци на извонредни дуели помеѓу нив двајца. Во еден момент Хамилтон дури и го презеде водството, но направи грешка, излетувајќи од пистата, по што Верстапен се врати на позицијата број 1.
Тогаш кога никој не очекуваше, Mercedes го повикува по втор пат Хамилтон да добие нови гуми (овојпат медиум), додека Верстапен останува на патеката со својот сет тврди гуми. Иако никој не веруваше во чудо, освен луѓето во Mercedes, на 20 круга до крајот, Хамилтон почна сериозно да ја нaмалува разликата меѓу него и Верстапен. Како одминуваа круговите, се појасно беше дека гумите на Верстапен нема да издржат, а тоа мајсторки го користи Хамилтон и веќе на три круга до крајот успева да го стигне и да го помине.
По трката, Хамилтон дури и се извини на тимот што се сомневал во нивната одлука да се оди бокс по втор пат, но овој потег се покажа како генијален и му помогна на Хамилтон да победи.
Што се однесува до Ferrari, Себастијан Фетел на крајот му се доближи на Чарлс Леклерк и успеа да го помине за место на подиумот.
Во бодови влегоа и одличниот Карлос Саинз (McLaren), Пјер Гасли (Red Bull), Кими Раиконен (Alfa Romeo Racing), Валтери Ботас (Mercedes), Ландо Норис McLaren) и Алексисандер Албон (Toro Rosso).
2019 Hungarian Grand Prix: Резулати:
2019 Hungarian Grand Prix: Race Highlights
https://youtu.be/jnz-lc9LYgo