Снимиле документарец за нив: На овој остров има повеќе Fiat Panda примероци отколку што има жители / ВИДЕО
Производителот на автомобили посветил филм за работниците во фабриката Pomigliano d’Arco во Италија, каде што се произведува актуелната генерација на Fiat Panda.
Fiat направил документарен филм наречен „Pandelleria“, истакнувајќи го импресивниот број на Panda примероци на италијанскиот остров Пантелерија (Pandelleria). Производителот на автомобили го посветил филмот на работниците во фабриката Pomigliano d’Arco во Италија, каде што се произведува актуелната генерација на Fiat Panda.
Документарецот сугерира дека Пантелерија има „повеќе Panda примероци отколку луѓе“, што е тешко да се поверува за место со население од 7.335. Сепак, звучи попрецизно да се каже дека островот има „најголема густина на Panda единици во светот“. Освен Пантелерија, која се наоѓа на Сицилија, моделот е доминантна знаменитост во туристичките дестинации на медитеранските земји, како популарна опција за компаниите за рент а-кар.
Документарецот прикажува 14 жители на Пантелерија кои, и покрај нивните различни занимања и потекло (духовен водич, пчелар, земјоделец, механичар, свештеник, музичар…) имаат заедничка љубов кон култниот градски автомобил.
Можеме да му се восхитуваме и на прекрасниот медитерански пејзаж, со многу епизодни појави на сите три генерации на Fiat Panda. Филмот од 30 минути е осмислен од маркетинг тимот на Fiat, во режија на Џовани Троило, а во продукција на Twister Film.
Поминати се повеќе од четири децении од премиерата на првата генерација на салонот во Женева во 1980 година, а вкупната продажба е близу 8 милиони единици. Втората генерација на Panda се појави во 2003 година, а сегашната трета генерација на моделот следеше во 2011 година.
И покрај неговата старост, ова сè уште е најпопуларниот европски градски автомобил (А-сегмент) во неговата најнова блага хибридна форма, која ќе остане до 2026 година. Моделот има 8% пазарен удел на домашниот пазар во Италија. Fiat моментално работи на целосно нова електрична Panda, која се очекува да биде кросовер.