
Следното Peugeot 208 ќе биде достапно исклучиво како EV модел
Шефот на Peugeot, Жан-Филип Импарато, потврди дека следната генерација на 208 ќе користи само електричен погон
Сегашното Peugeot 208 е вистински успех за француската марка. Покрај освојувањето на титулата најпродаван модел на домашниот пазар, моделот забележа и одлична продажба во остатокот од Европа, и се наоѓа на самиот врв на Б сегментот.
Во интервју за британскиот AutoExpress, Импарато истакнува дека идната итерација на возилата од Б сегментот ќе биде достапна само како EV.
„По сегашните 208 и 2008, B и B-SUV класите кај Peugeot ќе бидат исклучиво електрични модели“, вели првиот човек на Peugeot. Тој додава дека француската марка бележи пораст на продажбата на возила со батерии. Во претходните десет недели, нарачките за електричните изданија на 208 и 2008 година скокнаа за 14%“, вели Жан-Филип Импарато.
Кога може следната генерација на францускиот хечбек да се појави на пазарот? Па сигурно не пред 2025/2026 година, бидејќи сегашната верзија на 208 на пазарот влезе во 2019 година и е далеку од пензионирање.