Од следната „тројка“ започнува револуцијата во BMW

Френк Вебер не е човек кој често се споменува во написите на автомобилските медиуми. Тој е на чело на центарот за истражување и развој на BMW и има задача да создаде целосно нова платформа за претстојниот напредок во електричната мобилност.

BMW го најави доаѓањето на платформата New Class или Neue Classe пред неколку месеци. Станува збор за архитектура наменета првенствено за електрични автомобили, која треба да се користи како основа за голем број модели со логото на баварската марка.

Ова не е прва EV платформа на BMW, бидејќи таа беше претставена пред десетина години со i3, кој сеуште опстојува на пазарот и бележи пристојна продажба. Сепак, i3 беше производ за специфичен сегмент, додека возилата базирани на архитектурата на New Class ќе имаат за цел, успех на поширок фронт.

„Со оваа платформа, се тргнува во масивните сегменти, каде што се Серија 3 и X3. Сето тоа ќе се случи на светско ниво, а приказната започнува од нула“, истакнува Вебер. Тој додава дека BMW не може, ниту ние треба, веднаш да го пренасочиме целото производство на само една платформа, туку дека идната „основа“ е и столбот врз кој овој бренд ќе гради успех.

New Class ќе се користи многу долго. Според најновите најави од првиот човек на BMW, Оливер Ципсе, таа најверојатно ќе биде во служба до 2045 година!

Автомобилот што треба да ја отвори оваа платформа е следната генерација на Серијата 3. Следната итерација на „тројката“ ќе се појави на сцената во 2025 година, или можеби дури и во 2024 година, но нема многу информации за овој автомобил.

На новата архитектура ѓе преминат Серија 3 и X3, што значи дека новата ера на BMW ќе се влезе од сегментот Д.