Со Новата година започнува во сила влегува и новиот деловен план на Renault, во кој нема место за некои класици

Според пишувањето на медиумите, првиот човек на Renault, Лука де Мео, на 14 јануари ќе го претстави Renaulution, за што во моментов малку се знае. Германскиот Automobilwoche дознава дека фокусот на планот е кон намалување на трошоците, што значи и гасење на неперспективните производи.

Изданието вели дека „де Мео сака да ја намали гамата на Renault за 30%“, што значи дека една од првите жртви треба да биде неодамна обновениот Talisman. Минатата година беа продадени нешто повеќе од 16.400 примероци. Некои претходни извештаи велат дека истата судбина би требало да ја имаат и Scenic и Espace, крајно звучни имиња на францускиот бренд.

Renault, наводно, ќе штеди и технолошка смисла со пофокусиран развој на одредени комерцијално поисплатливи решенија. Исто така е можно компанијата да се повлече од некои пазари. 

Две работи се сигурни. Првиот е дека алијансата останува заедно, а втората е дека електрификацијата ќе има најголемо влијание.