Читателите на германското специјализирано списание AUTO Straßenverkehr ги изгласаа моделите на Škoda за „Семеен автомобил на годината“ во шест категории

Во генерално три различни категории, за „Најдобар дизајн“ (Best Design), „Најдобра технологија“ (Best Technology) и „Најдобра вредност за парите“ (Best Value for Money) учествувале вкупно 128 возила. За секоја од нив, читателите избрале победник и еден генерален победник во целина. Škoda Octavia Combi е на врвот во категоријата „Најдобар дизајн“, како за увезени, така и во целина, за автомобили со цена под 25.000 евра, а исто така освојувач и на наградата за „Најдобра технологија“ во својата категорија. Škoda Superb Combi е крунисан за најдобар во категоријата „Најдобра вредност за парите“ како за увезени, така и во целина, за автомобили со цена помеѓу 25.000 и 35.000 евра. Исто така, овој модел е изгласан и за автомобил со „Најдобра технологија“ во својата категорија.

Škoda од првиот избор на читателите на AUTO Straßenverkehr во 2011 година досега има освоено вкупно 34 награди. Изборот се врши помеѓу седан, SUV и Combi возила со капацитет на багажник од над 400 l и основна цена до 45.000 евра.

Оваа година, во изборот на AUTO Straßenverkehr со свои гласови учествувале вкупно 9.341 читатели.