Седум години по ред, Škoda покажува необични концептни автомобили, развиени во целосен контраст со традиционалните вредности на марката

„Виновници„ за концептите се студентите на Академијата на Škoda со седиште во Млада Болеслава, која е формирана во 2013 година. Споменатата академија функционира на принцип на интернет со практични задачи, имајќи го предвид фактот дека студентите се очекува да преземат одговорности во фабриките и центрите за развој на чешката компанија во подоцнежните фази од животот. Секоја година дел од академијата се околу деветстотини студенти.

Паралелно со школувањето, тие добиваат можност дополнително да ја стимулираат фантазијата и да се стекнат со практики при креирање на автомобили, а сето тоа со помош на искусните инженери и дизајнери на компанијата.

Од своето основање па до ден денес, студентите на Škoda имаат развиено шест брилијантни возила засновани врз модели во сериско производство: CitiJet Spyder, пикапот FUNstar, Atero coupe, електричниот баги Element, кабриолетот Sunroq и минатогодишниот пикап Mountiaq. Овој пат, тим од 31 студент (меѓу кои петмина се жени) ја дизајнирале Škoda Slavia, Spyder заснован на сериската Scala.

Изборот на името во никој случај не е случаен. Oсновачите на компанијата Вацлав Лаурин и Вацлав Клeмент пред 125 години решиле линија на велосипеди да го носи токму тоа име, Slavia.

Претворањето на моделот со пет врати во Spyder издание со само еден пар врати, студентите не успеале да го реализираат без сериозна посветеност и промени во контурите и основните линии на возилото. Целокупната должина на автомобилот од 4.362 mm, како и меѓуоскиното растојание од 2.649 mm останале недопрени. Предните врати се реплика на оние од сериската верзија на Scala, додека задниот крај е едноставно заварена конструкција која ги покрива задната клупа и вратата. Недостатокот на покрив се компензира со челични засилувања на каросеријата.

Овие дополнувања во задниот крај на Slavia овозможиле да се добие завиден простор во багажникот кој е во состојба да прифати два електрични тротинети на Škoda кои се сместени со помош на дарежливиот отвор од багажниот простор на каросеријата на задниот дел од возилото. Покривот не е ни предвиден за Slavia, ниту тврд, ниту таков изработен од меки преклопни материјали. Затоа подвозјето располага со осветлување во многу нијанси, а концептот е поставен на фелни со дијаметар од 20 инчи, позајмени од Kodiaq RS.

Во салонот на Slavia има две места за патници, потпишани од компанијата Sparco. Тие се покриени со кожа и имаат појаси со четири точки на врзување. Ентериерот е украсен со бројни детали изработени модерна пластика засилена со јаглеродни влакна. Бројни се и тримовите во бела боја, кои се изработени со помош на 3Д-принтер.

При дното од централната конзола, додаден е екран на допир за контролирање на осветлувањето, а Slavia може да се пофали и со моќен систем за озвучување од 320 вати.

Погонската единица се состои од 1.5 TSI мотор кој развива 150 коњски сили спарен со 7-степен DSG автоматски менувач со двојна спојка, кој веќе го има своето место сериската Scala. Сепак, Slavia има уникатен издувен систем што го прави звукот поагресивен и дава поспортско искуство.

Системот за суспензија, односите во управувачкиот механизам и системите за електронска помош исто така се преземени од сериското издание без евентуални измени. Конструкторите не се ни мачеле моделот да го спуштат поблизу до тлото, па така клиренсот и кај Slavia е на ниво од 18 сантиметри. Сепак, управувачот и системот за сопирање се позајмени од Škoda Octavia RS.

Како конечен резултат e добиена е Škoda Slavia, која е малку полесна од донаторскиот модел, така што тежи 1.210 килограми, додека сериската Scala со ист мотор е 45 килограми помасивна. Оваа верзија нема да влезе на производните линии, но тоа веќе и се знаеше.